| четврток, 6 декември 2018 |

Несреќа кај Пелинце: Излетала од пат и удрила во дрво

Во текот на вчерашниот ден околу 11 часот и 40 минути на регионалниот пат Граничен Премин-Пелинце–село Младо Нагоричане, во атарот на селото Пелинце, се случила сообраќајна незгода.

Полицијата информира дека патничко возило „Рено 19“ со кумановски регистерски таблици управувано од 27-годишната С.М.И. од Пелинце излетало надвор од коловозот на левата страна и удрило во дрво.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобила С.М.И. која со возило на Итна медицинска помош била пренесена во Ургентниот Центар во Куманово, од каде како итен случај била препратена во Ургентниот Центар во Скопје за понатамошно лекување.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР-Куманово.

Се работи на целосно расчистување на случајот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top