| четврток, 6 декември 2018 |

Прегазено петгодишно дете

Во 12 часот и 30 минути во селото Ораовица–Радовиш се случила сообраќајна незгода во која товарно возило „Фиат Дукато“ со штипски регистерски таблици управувано од 47-годишниот Г.Б. од Кочани, удрило во дете- на возраст од пет години од селото Ораовица.

Во незгодата со тешки телесни повреди се здобил пешакот и бил задржан на лекување во Клиничкиот Центар во Штип.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од Полицијата Радовиш.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top