| четврток, 6 декември 2018 |

Скопје: Дете ги избоде со нож таткото и братот

Во 2 часот по полноќ во Скопје малолетник на возраст од 12 години при семејна расправија, на неговиот татко и неговиот брат им нанел расекотини со нож.

Полицијата денеска известува дека малолетникот си го прободел 37-годишниот татко Д.С. и тоа со нож му нанел расекотина во пределот на левата надлактица, а неговиот брат на возраст од 15 години го повредил во пределот на левиот колк.

Двајцата со возило на Итна медицинска помош биле пренесени во Ургентниот Центар-Скопје, каде им биле констатирани телесни повреди, а по укажаната медицинска помош биле пуштени на домашно лекување.

СВР-Скопје превзема мерки за целосно расчистување и документирање на настанот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top