Најновото издание на ИФФК „Браќа Манаки“ е придружено со повеќе јубилеи кои организаторот на соодветен и програмски начин ги одбележува низ фестивалските денови кои завршуваат на 30 септември.
Од ИФФК „Браќа Манаки“ информираат дека годинава на фестивалот се одбележуваат 100 години од основањето на АРРИ, компанија од индустријата за подвижни слики формирана во Минхен во 1947 година, 90 години од раѓањето на Димитрие-Рули Османли, филмски, театарски и телевизиски режисер од Битола, 70 години од основањето на државна продуцентска куќа „Вардар филм“ и 25 години од основањето на европската федерација на кинематографери-ИМАГО.
Димитрие-Рули Османли со Милтон Манаки се сретнал во 1934 кога имал 7 години и кога првпат ја погледнал „чудната кутија“, а потоа продолжил да оди во кино каде се „инфицирал“ од подвижните слики. По завршувањето на студиите Османли продолжува во „Вардар филм“ каде освен филмови ја снима и првата репортажа за Милтон Манаки.
Димитрие-Рули Османли (1927-2006) бил професор и прв декан на Факултетот за драмски уметности во Скопје и освен четирите игран филмови „Мирно лето“ (1961), „Мементо“ (1967), „Жед“ (1971) и „Ангели на отпад“ (1995) снимил 15 документарни филмови и 20 телевизиски серии.
ИФФК „Браќа Манаки“ на соодветен начин го одбележа и јубилејот 70 години од формирањето на продуцентската куќа „Вардар филм“ за што организаторот годинава додели и посебно признание, наградата „Голема ѕвезда на македонскиот филм“.
„Вардар филм“ беше синоним за македонското филмско творештво, посочуваат од ИФФК „Браќа Манаки“, и еден од поразвиените филмски центри, а по 1991 година, со независноста на Република Македонија, реализира над 700 документарни кратки и анимирани филмови.
На планот на целовечерниот игран филм „Вардар филм“, пет години по основањето, во 1952 година го произведе првиот македонски долгометражен филм „Фросина“ кој годинава одбележува 65 години од продуцирањето како прв македонски игран филм.
– На 38. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ со должен респект се одбележуваат јубилеите, 70 години „Вардар филм“ од постоењето и работата на оваа поранешна единствена државна продуцентска куќа и нејзината поврзаност со фестивалот, и 65-годиншнината од првиот македонски игран филм „Фросина“, а како составен дел на антологијата на „Вардар филм“, како стожер во значајна етапа од седум децении на македонската кинематографија, напиша во фестивалскиот каталог, директорот на ИФФК „Браќа Манаки“, Благоја Куновски-Доре.
На фестивалот во Битола се одбележуваат и 25 години од основањето на ИМАГО, здружение на кинематограферите од Европа кое долги години соработува со ИФФК „Браќа Манаки“, а минатата година токму во Битола го одржа и Конгресот на ИМАГО. Годинава со ИМАГО претседава Норвежанецот Пол Рене Ростад, кој воедно е и претседател на меѓународното жири на 38. издание на ИФФК „Браќа Манаки“ во Битола.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст