Помеѓу часовите за време на големиот одмор во основно училиште, вчера во 9.10 часот во делчевското село Разловци, настанала меѓусебна расправија.
Помеѓу часовите за време на големиот одмор во основно училиште, вчера во 9.10 часот во делчевското село Разловци, настанала меѓусебна расправија помеѓу ученик на возраст од осум години и ученичка од истото училиште на истата возраст.
Ученичката во еден момент го турнала ученикот кој паднал на глава, по што станал и продолжил со следење на наставата на преостанатите часови.
Кога си заминал дома, бидејќи му се влошила здравствената состојба и паднал во безсознание, бил однесен во амбуланта во Делчево. Од таму со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Медицинскиот Центар во Кочани, а потоа како итен случај веднаш бил упатен во Ургентниот Центар во Скопје, каде му биле констатирани тешки телесни повреди, информира МВР.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст