Секторот во кој се споведуваа убедливо најуспешните реформи на Владата предводена од ВМРО ДПМНЕ се претвори во симбол на неспособноста на владата на чело со Заев. Министерот за здравство во владата предводена од СДСМ, Арбен Таравари, кој се кандидра за градоначалник на Гостовар, водејќи ја сопственат партиска кампања целосно го запостави и онака запоставеното здравство, а неговиот заменик од СДСМ, пак, Гоце Чакаровски, се занимава со кондомати и контрацептивни средства, како да се тоа клучни прашања во здравствениот систем.
Во јавните здравствени установи низ државата не работат компјутерски томографи, ангиографи и бројни други апарати, а пациентите од целата држава се принудени да патуваат по стотици километри до Скопје во состојба кога и секундите може да значат живот.
Во цела Источна Македонија не се вршат никакви процедури на ангиографите и пациентите со инфаркт се оставени на немилост и се препраќаат за Скопје. Нема термини за важни дијагностички процедури и постојано се зголемува времето на чекање во Мој термин и за најобични рутински прегледи кај специјалист.
Владата ја укина обврската на докторите за задолжителни обуки во странство и се оставени да работат со застарени методи.
Владата на Заев го дотепа здравството: Укината задолжителната обука во странство
Главна преокупација на СДСМ е поставување раководни кадри по партиска и семејна линија и целосно партизирани управни одбори со некомпетентни членови.
За тоа време, заменик-министерот Чакаровски наместо да се фокусира на клучните теми во здравството, гордо најавува „реформи“ во здравството со набавка на кондомати.
Социјалните мрежи вријат од осуди кон заменик-министерот и СДСМ кои не преземаа никаква одговорност за смртта на повеќе новороденчиња минатиот месец, а сега на крајно ноншалантен начин промовираат кондомати како „клучна реформа“ за помал број починати новороденчиња.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст