Кандидатот за градоначалник на Кочани од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ Ратко Димитровски, на денешната средба со новинарите се осврна на соработката со највозрасните и најискусните во општината, пензионерите, истакнувајки ги резултатите кои се постигнати за подобрување на статсусот на пензионерите, притоа посочувајќи дека во овој мандат се отворени три клуба за пензионери во градот и два во населените места Тркање и Оризари.
– Во претходниот мандат општина Кочани изнајде простор и подготви проект за изградба на старечки дом од највисоки светски стандарди и ја подоготви целокупната техничка документација за изработка на објектот, а во овој мандат 2017-2021 што следува, дадовме ветување во нашата програма дека следната фаза ќе биде изградба на старечки дом со обезбедени средства од јавно приватно партнерство и странски донатори, истакна Димитровски.
Тој ги повика жителите на Кочани да ја прочитаат програмата за општина Кочани за мандатот што следува, да се запознаат со проектите кои се во голем дел насочени за развојот на општината и кои се наменети за сите категории граѓани.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст