На Едмонд Темелко племенит човек и светлник на будењето на Македонците во Република Албанија му е нанесена голема неправда
На градоначалникoт на општина Пустец Едмонд Темелко, на единствената општина на македонците во Република Албанија му е определен притвор. Со определување притвор на градоначалникот, конечно е одстранета “најголемата опасност” за Македонија. Сега граѓаните на Македонија можат мирно да спијат, бидејки нивниот “најголем непријател” по кого како најголем злосторник беше распишана централна меѓународна потерница се наоѓа во притвор.
Груба незаконистот и повреда на елементарните човекови права
На градоначалникот на општина Пустец, племенит човек и светлник на будењето на Македонците во Република Албанија му е нанесена голема неправда со тешка повреда на Законот за кривичната постапка и Еврпската конвенција за човекови права.
Според штурото соопштение на Основниот суд Скопје 1, кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по предлогот на СЈО за определување мерка притвор, на нејавна седница одржана на 25.09.2017 година, веднаш по прием на предлогот во судот, донел решение со кое го уважил предлогот и на обвинетиот му определил мерка притвор во траење од 30 дена, поради постоење на причините предвидени во член 165 став 1 точка 1 од Законот за кривичната пстапка.
Причините за пределување на притвор според судот се постоење на опасност од бегство на обвинетиот. Каква опасност од бегство постои кога Едмонд Темелко не се криел и постапувал по налогот на судот со тоа што уредно се пријавувал во Основниот суд Ресен, како најблизок суд според местото на живењење. Се распишува централна меѓународна потерница за обвинет кој самиот се пријавува во полициската станица. Каков е тој бегалец?
Опасноста од бегство не може да биде имагинарна, туку мора да биде конкретна. Што направил обвинетиот Едмонд Темелко за да кривичниот совет постапи толку ургентно и веднаш постапи по предлогот на СЈО за определување притвор? Дали Катица Јанева докажала дека обвинетиот презел дејствија за бегство манифестирани со обид за префрлување на неговото семејство во странство, дали купил стан или закупил стенбен простор, дали купил авионски билети за себе или за семејството со намера да ги префрли во странска држава и други слични околности кои конкретно укажуваат на намера за бегство на обвинетиот? Ништо од тоа не е утврдено. Притворот е определен незаконски и со тоа е сторена тешка повреда на членот 165 став 1 точка 1 од Законот за кривичната постапка.
Со одлуката за притвор се казнува македонскиот народ во Албанија
Според членот 3 од Европската конвенција за човекови права, никој не смее да биде изложен на мачење, нечовечко или понижувачко постапување и казнување.
Едмонд Темелко е семеен човек со многу тешко нарушено здравје. Не е во состојба да помине ниту еден ден без целосна помош од семејството и континуирана здравствена заштита. Тој племенит човек ли ќе бега, од што и зошто да бега? Каде може да оди? Тој не бега од вистината и од основната цел за остварување и унапаредување на правата на Македонците во Албанија и никогаш и по ниту една цена од тоа нема да се откаже. За таква борба треба ли да плати толкава цена? Затоа ли треба да поднесе толку сурово, незаконско и нечовечко постапување? Со ова одлука за притвор на Едмонд Темелко се казнува македонскиот народ од Пустец кој го избрал за нивни градоначаклник и во Албанија.
Одлуката за определување притвор е резултат на притисок врз судот
Одлуката за определување на притвор е незаконска и се должи на огромниот притисок што се врши врз судот и судиите. Одлуката за притвор на Едмонд Темелко се должи на притисокот што Зоран Заев и СДС континуирано го вршат врз судот. Судиите се под постојана закана со разрешување и кривично гонење за донесени судски одлуки.
Притисокот врз судиите долго време е континуиран и жесток, како да се ставени во менгеме. Но, се лажат тие што мислат дека на овој начин ќе ги скршат судиите. Судиите ќе го издржат и овој налет на невидено насилство и ќе го сочуваат достоинството на функцијата што ја вршат.
Најголем успех на Зоран Заев во овие нешто повеќе од сто дена владеење е определување на притвор на Едмонд Темелко. Зоран Заев сега може да се гордее со постигнатиот успех. Се стави во притвор еден честит и вреден човек кој се бори за својот народ и неговите права. Од Зоран Заев ова му е награда за тоа.
Ќе ги сносат ли законските последици сите оние што посегнаа по груба незаконитост по секоја цена без законски основ да го притворат овој човек, што може да биде фатално за неговото здравје и живот.
Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст