Субвенционирање на реконструкцијата на фасадите во општина Македонска Каменица ќе биде еден од приоритетите на кандидатот за градоначалник од ВМРО-ДПМНЕ и актуелен градоначалник на Македонска Каменица, Дарко Митевски. Тој денеска на прес-конференција истакна дека целта на овој проект е Македонска Каменица да добие поубав модерен лик.
– Земајќи ги предвид барањата и потребите на граѓаните, општина Македонска Каменица ќе субвенционира реконструкција на фасадите на колективните објекти за домување. Овој проект има повеќекратно значење. Најпрвин, значително ќе се подобри енергетската ефикасност на колективните згради, со што и граѓаните ќе заштедуваат повеќе. Освен тоа, Општината ќе добие поубав лик со што ќе се продолжи по трасираниот пат за градење модерна европска општина, истакна Митевски.
Тој додаде дека општината секогаш ги слуша идеите од граѓаните. – Ние ги прифативме овие идеи и со ова ќе покажеме дека грижата за сите граѓани, како од градското подрачје, така и од руралните делови на општината, е посветена и ќе работиме секогаш за подобра иднина на граѓаните на Македонска Каменица, рече тој.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст