Општина Штип не е изненадена од скандалозаната одлука на Минитерството за Култура кое го намали фондот за награди на Макфест. Такво нешто преживеја пред некоја недела и организаторите на фолк фест Валандово, соопшти општина Штип.
Она што е најважно е што Министерството за Култура го погази сопствениот преддоговор кој го имаше со општина Штип во кој се согласија да ги обезбедат средствата за наградниот фонд во висина од 10.000 евра за прва, 7500 евра за втора и 5000 евра за трета награда, како и останатите награди. Со анексот кој го нуди на потпис, новото раководство на Министерството за култура се обидува да го поништи преддоговорот со кој веќе има утврдени обврски.
-Општина Штип не навлегува во темата дали висината на наградите е преголема или премала. Таква одлука донело Министерството за Култура и ние ја почитувавме, исто како што се надевавме дека новото раководство ќе го испочитува преддговорот кој го имаме на хартија. Не сакаме да навлегуваме во мотивите за ваквата одлука а најмногу да внесуваме политика, бидејќи тоа може само да му наштети на фестивалот кој постои 32 години и кој општина Штип веќе осум години го организира, преземајќи го во услови кога беше во опасност и неговото понатамошно постоење, се вели во соопштението од општина Штип.
Оттаму посочуваат дека поради тоа што наградите се намалени на 1.500, 1.000 и 750 евра, од идната година општина Штип нема да има потреба од поддршка на Министерството за култура и фестивалот повторно ќе го организираат сами, бидејќи дали сами или со донатори и спонзори, сметаат дека можат да обезбедат средства за понудениот фонд за награди.
-Благодариме за досегашната поддршка а ние идната година ќе се обидеме да најдеме повеќе средства за наградниот фонд, со цел мотивирање на авторите и изведувачите за настап на фестивалот Макфест. Впрочем, изведувачите и авторите се најмногу погодени од ваквата одлука за намалување на фондот на награди. Тие најмалку се виновни за ситуацијата, бидејќи се пријавија на јавен конкурс во кој висината на наградите беше претходно утврдена во договор со Министерството за Култура а сега се соочуваат да настапат под нови услови. До оддржување на фестивалот, локалната самоуправа ќе донесе одлука за фондот на награди и изведувачите и јавноста ќе бидат навреме известени, се вели во соопштението.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст