Партиите на власт ја започна предизборна кампања за претстојните локални избори со инциденти и насилство.
За само три дена е пукано во носител на листа, на кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ му беше вперен пиштол во глава, искршени се штабови, се злоупотребуваат службени возила за партиски цели. Во Кавадарци за влакно беше избегнат инцидент на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, на кој Заев имаше испратено поголема група провокатори да ги свиркаат и да ги навредуваат симпатизирите на опозициската партија.
Не успеа планот за крвав инцидент во Кавацарци: Заев испрати провокатори на митингот на ВМРО-ДПМНЕ
Во центарот на Кичево, пак, вчера беше пукано во носител на листа на независни кандидати за советници, а повреден е неговиот шеф на кабинет.
Во престрелката во Кичево повредени се три лица, а во нив пукал 58-годишниот А.Д. од Кичево.
Ранетиот Абази е носител на единствената независна кандидатска листа на советници во Кичево.
Полицијата на Заев и Спасовски изврши вооружен претрес на кандидатот за градоначалник на Кавадарци
МВР започна да ги спроведува првите партиски наредби уште поред почетокот на кампањата за локалните избори. Како што обелодени ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ ќе се обиде да ги добие овие исклучително важни избори со користење државни редурси и услуги од подземјето. Поради страв од пораз на престојните локални избори, паниката кај СДСМ и Зоран Заев кулминира со скандалозни и нечовечки постапки, користејќи ја партиската полиција за закани и бруталност.
Кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за општина Кавадарци, Митко Јанчев, кој воедно е соосптвеник на компанијата „Кожувчанка“,член на управниот одбор на Стопанска комора на Република Македонија, како и претседател на Регионалната стопанска комора – Кавадарци додека патувал кон Скопје за конвенцијата на ВМРО-ДПМНЕ, партиската полиција на Заев на брутален начин без никаква причина му вперила пиштол на глава на кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ и го легнала на земја.
За да биде понижен кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ, настанот се одиграл пред многу народ, а во гужвата и самите полицајци и алфите коментирале дека чекале 3 часа да помине Митко Јачев, бидејќи имале наредба од партиските структури на полицијата да го спроведат вооружениот претрес.
Кој му вперил пиштол на Митко Јанчев: СДСМ договара насилство за локалните избори во Арачиново!?
Скршени штабови и партиски седишта
Непознати сторители пред два дена го демолирале седиштето на Демократската партија на Србите на Македонија во Скопје. Партијата на Иван Стоилковиќ е дел од коалицијата “За подобра Македонија” предводена од ВМРО-ДПМНЕ, во која партиципира со неколку советнички места на кандидатските листи и еден кандидат за градоначалник.
Политичко насилство во Скопје: Демолирано седиштето на партијата на Стоиљковиќ
Непознат сторител или сторители го искршиле стаклото од излогот на штабот на ВМРО-ДПМНЕ во Кисела Вода. Кандидатот за градоначалник на оваа партија во Кисела Вода, Јохан Тарчуловски го осуди инцидентот.
Јавните претпријатија во служба на кампањата на СДСМ
СДСМ врши целосна предизборна злоупотреба користејќи ги возилата на комуналните претпријатија каде има свој градоначалник, во Струмица и Куманово.
Општината чиј градоначалник со години беше Зоран Заев врши злоупотреба со цел политичко агитирање кај гласачите.
Иста таква злоупотреба се врши и во Куманово.
ВМРО-ДПМНЕ: СДС се изживува со Темелко, а ослободува криминалци и убијци да им бидат адут на изборите
Во исто време кога хунтата на СДС прогонува и затвора недолжни граѓани и се изживува врз Едмонд Темелко кој е со животно загрозено здравје, владата на Заев со законот за амнестија ќе ослободи лица кои се осудени на тешки криминални дела, обвинуваат од ВМРО-ДПМНЕ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст