| четврток, 6 декември 2018 |

Драстично зголемено нивото на Дојранско Езеро

Дојранското Езеро и денеска бележи драстично зголемување на нивото, од -83 сантиметри колку што е просекот за септември, на 179, соопшти УХМР.

Хидролошките мерења не покажуваат поголеми отстапувања на нивоата кај Охридското и Преспанското Езеро.

Состојбата кај реките е поинаква. Водостоите на Вардар кај Велес, Скопје и Јегуновце, на Пчиња кај Катлановска Бања и на Сатеска кај Ботун се преполовени, нешто пониски од септеврскиот просек се нивоата на Брегалница кај Берово и Крива Река кај Крива Паланка, додека Струмица кај Сушево бележи извесно зголемување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top