Поголема група активисти на СДСМ вчера на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, што се одржа на плоштадот во Кавадарци, се обиделе да предизвикаат инцидент.
Преку 100 активисти на владејачката партија организирано и наменски собрани пред нивниот штаб на самиот плоштад во Кавадарци се обидуваа со свирежи, довикувања и скандирања да испровоцираат инцидент со неколкуилјадната толпа поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. Намерата беше очигледна, особено имајќи предвид дека митингот навреме и уредно беше пријавен.
Двете толпи беа на растојание од десетина метри и малку недостасуваше да започне тепачка.
Лидерот на партијата, Никола Груевски, остана воздржан и ги игнорираше провокаторите. На тој начин успеа да ја исконтролира ситуацијата за да не дојде до инцидентот што го планираа провокаторите на Заев.
Овој неуспешен обид за инцидент е уште еден доказ дека СДСМ и Заев стануваат сѐ понервозни и се обидуваат на секаков начин да испровоцираат проблеми. Праксата да испраќа провокатори на митинзите на ВМРО-ДПМНЕ СДСМ ја започна на чело со Заев, на парламентарните избори во декември. Дотогаш, на сите поранешни изборни процеси никогаш ниту СДСМ ниту ВМРО-ДПМНЕ не правеле организирано попречивање на митинзите на противникот. Намерата на Заев е јасна – со насилници, провокатори и заплашувања да оствар успех и да дојде на власт.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст