Ана Еленор Рузвелт ја смени перцепцијата за Првата жена на САД поради нејзиниот политички и дипломатски активизам. Додека Белата Куќа беше сведок на многу незаинтересирани први дами, таа беше жена која секогаш се обидуваше да им помогне на оние кои имаа потреба од тоа. Всушност, таа повеќе се памети поради нејзината улога како дипломат или политичар, отколку како Прва дама. На тој начин, го доби вниманието, но и поддршката од јавноста.
Ова се 10 инспиративни мисли од неа.
- Никој не може да ве направи инфериорни, без ваша дозвола.
- Направете го тоа што мислите дека е праведно, бидејќи и онака ќе бидете критикувани. Ќе бидете озборувани и ако го направите тоа, но и да не го направите тоа.
- Иднината им припаѓа на оние кои веруваат на убавината на нивните соништа.
- Морате да ги правите работите кои мислите дека не можете да ги направите.
- Често можете да ги смените околностите со менувањето на вашето однесување.
- Многу луѓе ќе поминат низ вашиот живот, но само најдобрите пријатели ќе остават трага во вашето срце.
- Секој ден правете по нешто што ве плаши.
- Правдата не треба да биде само за едната страна, туку за двете.
- Се плашиме да се грижиме за некој, поради стравот дека другата личност не се грижи за нас воопшто.
- Среќата не е цел…таа е производ на доброто живеење.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст