| четврток, 6 декември 2018 |

Страотна сцена во близина на Солун – туристката која исчезна ја изеле волци

Бртианската туристка чии останки биле пронајдени на планина во северна Грција, најверојатно била нападната, растргната и изедена од волци, навел грчки патолог.

Никос Кифнидис изјавил дека бруталноста на животните била толкава што двете коски на нозете ѝ биле скршени од угриз и дека голем дел од телото недостасува.

Тој навел дека со аутопсија е утврдено дека ниедно куче не може да направитолкав угриз. Останките од туристката се пронајдени во саботата во близина на селото Петрот во Тракија, 285 километри источно од Солун.

Во близина е пронајдена и патната исправа на 63-годишната Силија Лоис Холингворт, чие исчезнување било пријавено од страна на британската амбасада во петокот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top