На централниот митинг денеска на ВМРО-ДПМНЕ во Кавадарци, пред жителите говореше и претседателот на партијата Никола Груевски. Тој кажа дека она што посебно го радува е што во Кавадарци невработеноста во времето на нивното владеење, драстично била намалена.
– Ќе ве потсетам, на 31.08.2006 година, кога дојдовме на власт, овде во Кавадарци, имаше вкупно вработени, според Агенцијата за вработување, 8.761 лице во цела општина. На 12.09.2016, значи пред една година вкупно има 18.212 или за 9.500 повеќе. Биле 8.700 се зголемиле за уште 9.500 повеќе вработени. Знаете ли што значи тоа, тоа е нешто што ме прави многу радосен, многу среќен, затоа што тоа е улогата на политичарите и партиите, да им помогнат на луѓето да се отворат нови работни места и да се вработат, изјави Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги запраша младите дали во овие четири месеци новата власт направила нешто за нив, на што тие громогласно кажаа „НЕ“. Како што кажа Груевски, ниту младински гаранции, ниту нови вработувања.
– Она што се направи со Дрексел Мајер го критикуваа од петни жили, ниски биле платите. Секоја мултинационална компанија, на почетокот кога почнува, почнува со ниски плати, потоа постепено ги зголемуваат. Еве се распрашав во Неготино, ми кажаа дека работниците веќе се платени околу 14.000 денари, а оние што повеќе ќе изработат, по разни основи, стигнуваат до повеќе 20, дури до 27 илјади, а пак раководните лица уште повеќе од тоа, постепено си растат платите. Затоа што тоа е политика на сите мултинационални компании, почнуваат со ниски плати кога сметаат дека работниците се се уште необучени, немаат доволно знаење, како поминува времето им ги качуваат платите, изјави Груевски.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ праша која фабрика ја донесе новата власт, кој инвеститор.
– Се обидоа да прикажат дека они нешто прават посебно со домашните инвеститори. И за да покажат нешто што не постои, отидоа во еден автобус се качија и викаат еве нов автобус од нова домашна фабрика, еве сега ќе има илјадници автобуси од оваа фабрика, ќе се извезуваат од Македонија. Што се откри пред месец-два? Дека таа фабрика не работи, дека не произведува автобуси, дека го донеле автобусот којзнае од каде за да се сликаат со новинарите и повторно измама. Тоа помрачувањето драги граѓани, тоа е она помрачување кое не задеси во овие во четири месеци во Македонија, изјави Груевски.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Судот одреди 30 дена притвор за Груевски и во случајот ,,Титаник‘
-
Унгарската влада за „Макфакс“: Му дозволивме на Груевски да побара азил од безбедносни причини бидејќи беше премиер
-
На комисија изгласано одземање на мандатот на Груевски, конечната одлука на пленарна седница
-
Ниту јас, ниту другите обвинети во случајот за градбата на патиштата, не сме обвинети за земање на провизии