Чест ми е да бидам носител и предводник на листата за советници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија, чесни луѓе, луѓе со интегритет и морал, но пред се луѓе од народот, ваши сограѓани кои се секогаш до вас, ова го истакна на вечерашниот митинг во Кавадарци Горица Пеливанова Вилхелм носител на советничката листа.
-Главна карактеристика на сите овие луѓе е работата, праведноста и активниот однос кон заедницата за подобро Кавадарци, тие со личен пример ја гарантираат пораката со која сакаме да допреме на овие избори, а тоа е секогаш работа, секогаш Македонија, секогаш Кавадарци. Советот и градоначалникот претставуваат два еднакви по важност клучни одлучувачки органи, советот го претставуваат гласот на народот и е највисоко контролно тело кое ги контролира одлуките на градоначалникот. Давајќи го гласот за оваа советничка листа јасно кажуваме не за населување на мигранти, не за двојазичност во Кавадарци, не за криминал и урбана мафија во Кавадарци, не за градоначалник со ограничени надлежности. Давајќи го гласот за оваа советничка листа давате глас за ново урбано Кавадарци, за поддршка и развој на земјоделието, за економски и еколошки чисто и здраво Кавадарци, потенцираше Пелинова Вилхелм.
Таа ги повика сите граѓани на Кавадарци без разлика на нивната национална, верска или партиска припадност да им се придружат во идејата за подобро Кавадарци и заедно да дојдат до нова изборна победа во Кавадарци.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст