| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски: Реални проекти на Златко Пенков за Неготино

Во новата програма идниот градоначалник Златко Пенков предвидува многу реални проекти, предвидуваме големи проект во патната инфраструктура, ќе се градат и реконстуираат улици, тротоари, ќе се изградат минимум три кружни тека во вкупна вредност од 63 милиони денари, ќе се изврши асфалтирање на сите неасфалтирани улици во Неготино и на секој жител ќе му се овозможи пристап до асфалтиран пат, ова вечерва на митингот во Неготино го истакна Никола Груевски.

-Програмата на идниот градоначалник е правена прецизно и кога ВМРО-ДПМНЕ прави прецизно не смее да има промашување. Ќе се тампонираат многу патишта, а ветуваме и изградба на нова филтер станица за прочистување на вода, ќе се изгради нова фекална канализација и за комуналното претпријатие ќе се набават нови возила и ќе се купат нови контејнери, а ќе се исчистат и сите канали во општината за граѓаните да имаат почиста средина,
вели Груевски.

Тој додаде и дека ќе се општината и понатаму ќе дава по 7 илјади денари за секое ново родено дете и ќе се реновира училиштето Св Кирил и Методи и ќе се реновираат градинките во Неготино и во населеното место Темјаник и ќе се отворат нови игротеки во населените места како и дека ќе се реконструира спосртската сала Младост.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top