| четврток, 6 декември 2018 |

Владата ги притисна медиумите за народот да не може да го види помрачувањето кое владее во Македонија

Новата власт ги разреши старите и постави нови некомпетентни кадри иако би требало некои кои се стручни работници да се задржат заради граѓаните, но тие ги сменија сите и барем тие да назначија нови кадри кои што се компетенти и со знаење како досегашните, но тие назначија нови луѓе кои што се истакнаа претходно со боењето на институциите во Македонија, ова од митингот во Неготино го истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Таму каде што требаше кадар со факултет тие назначија со средно училиште, некаде кае што требаше со земјоделски факултет тие поставија луѓе со машински, некаде каде што требаше со електро факултет тие ставија со економски, во МЕПСО ставија правник, наместо човек со завршен машински или електро факултет и тие немаат гајле, кој го прашува народот кој ги прашува законите, а за сето ова народот ќе каже на 15 октомври. Немајќи дела и ветувања, се фокусираа на хајки и политички прогони на нас како опозиција на оние кои што изминатите години дадоа максимум за да земјата оди напред и верувајте со тоа ќе ја прикријат својата неспособност и неработење, вели Груевски.

Тој потенцираше дека власта ги притиснала медиумите за прикажување на порозова слика и народот да не може да ја почувствува новата атмосфера и помрачување кое владее во Македонија.

-Тие почнаа и со притисок врз судиите во Македонија, а најзагрижувачки е што почнаа со еден некоректен однос кон странските инвеститори кои што во Македонија значат работа, значат вработувања на невработените и кон нив имаат однос како да тие сакаат да дојдат да не украдат и да си одат, а всушност се работи за компании кои што својата заработувачка сакаат да изградат фабрики и да вработат наши граѓани, вели Груевски.

Тој потенцираше дека сето тоа го прави СДСМ бидејќи во нивната партија има многу газди и на нив не им одговара да доаѓаат нови компании и да нудат работни места и да ја зголемат платата, а со тоа и газдите од власта ќе мора да ја покачат платата и во нивните фабрики.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top