| четврток, 6 декември 2018 |

Манчев: На 15 октомври на СДСМ да им го испорачаме одговорот за нивната непромислена политика

Пред нас е ново утро, доаѓа нова ера, време е за нови успеси за Македонија се работи, време е да им го испорачаме одговорот за сите штетни политики и за уривањето на институциите како и за сите блокирани проекти, ова на денешниот митинг од Неготино го истакна Петре Манчев носител на советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ.

-На 15 октомври да им го испорачаме одговорот на сите кадровски грешки што ги направија, за непромислената политика која ја водат во економијата, земјоделието и надворешната политика. Ова е земјоделски крај и луѓето се занимаваат со земјоделие, СДСМ им вети субвенции на сите граѓани, а тие истите ги понижија сите. Ние започнуваме кампања која ќе ја водиме со висока демократска свест,
вели Петре Манчев.

Тој потенцираше дека неговата заложба е сите граѓани на Неготино да ја најдат просперитетната иднина во овој град со отворање на нови работни места, нови градинки, спортски сали, депониран смет како и висока еколошка свест кај сите граѓани.

-Во нашата програма се заложуваме комуналното претпријатие да добие нови возила, нови контејнери, во сите населени места ќе се асфалтираат улиците, ќе се направат паркови и многу зелени средини. Неготино во иднина ќе биде град на среќни семејства и град на чиста еколошка средина, рече Манчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top