Нечовечно, против законски и брутално кршење на човековите права преставува приведувањето на единствениот македонски градоначалник во Албанија, Едмонд Темелко. Темелко е со животно загрозено здравје, а се најде во притвор како резултат на политичката хајка водена од страна на СДС, а реализирана од СЈО на Катица Јанева, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
Членот на Извршниот комитет на ВМРО-ДПМНЕ, Светлана Колариќ истакна дека во исто време кога хунтата на Заев и Спасовски прогонува и затвора недолжни граѓани и се изживува врз Едмонд Темелко кој е со животно загрозено здравје, владата на СДСМ преку законот за амнестија ќе ослободи лица кои се осудени на тешки криминални дела.
-Додека недолжни се носат во притвор, убијци, разбојници и криминалци се ослободуваат. Од СДС и Заев амнестија ќе има за лица осудени за убиства. Невините во затвор, осудени криминалци на слобода. Само поради тоа што расте нервозата и стравот од пораз на Зоран Заев, во паника продолжуваат со хајките против луѓето на ВМРО-ДПМНЕ. Овде се работи за животот на невин човек кој е во тешка состојба здравствена која може да биде со фатални последици по неговиот живот. ВМРО-ДПМНЕ го повикува Народниот правобранител уште денеска да излезе и да го посети Едмонд Темелко, кој истиот ги посетуваше и осомничените во случајот „Монструм“. Овде се загрозени човековите прави и мора да следи негова реакција. Владата не само што ги киднапира државните институции туку во Република Македонија, туку во Република Македонија завладува хунта, истакна Колариќ.
Според неа, колку повеќе СДСМ прави притисоци, толку повеќе ќе ја губат поддршката од народот. Таа рече дека правдата ќе ги стигне бидејќи правдата е над сите и пред сите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст