Од вчера ЕВН Македонија започна да ги прилагодува броилата по т.н. отчитувачки групи, а истиот процес ќе трае четири недели додека рачно не се адаптираат околу 800.000 броила. Прилагодувањето започна од четвртата отчитувачка група која се реализира во период од 25 до 29 септември. Од почетокот на следниот месец т.е од 2 до 6 октомври ќе се прилагодат броилата на првата група, од 6 до 15 на втората и последните ќе бидат прилагодени од 17 до 24 октомври.
Од ЕВН велат дека информацијата дали сатот е прештелуван или не, граѓаните ке ја добијат со наредната сметка за струја. На дисплејот на броилото на кое е прилагодена евтината дневна тарифа, во период од 14 до 16 часот од понеделник до сабота ќе биде активен индикаторот за тарифа Т2 што ќе значи дека во тој период има евтина тарифа.
Евтината дневна тарифа беше воведена од владата и со одлука на Регулаторната комисија за енергетика и се проценува дека оваа мерка и пониските сметки сметки за струја за граѓаните годишно ќе го намалат салдото на енергетските компании за околу 8 милиони евра.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст