| четврток, 6 декември 2018 |

Волонтери на ЕВН приготвуваа оброци за социјално загрзени лица

Во просториите на црквата „Гласност“ во Скопје волонтерски тим на ЕВН Електроснабдување во соработка со организацијата „Ретвитни оброк“, го посветија на подготовка на храна за социјално загрозените лица. Поддршка за реализирање на активноста даде и управителот на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Маркус Брандштетер

Вработените на ЕВН Македонија продолжија со вложување на нивниот труд со цел реализирање на волонтерски активности за доброто на заедницата. Во последните денови, проектот „ЕВН волонтира“ опфати повеќе градови и општини меѓу кои Зрновци, Свети Николе, Делчево и Скопје.

Во просториите на црквата „Гласност“ во Скопје волонтерски тим на ЕВН Електроснабдување во соработка со организацијата „Ретвитни оброк“, го посветија на подготовка на храна за социјално загрозените лица. Поддршка за реализирање на активноста даде и управителот на ЕВН Македонија електроснабдување ДООЕЛ Маркус Брандштетер.

„Светлина = Живот“ е насловот на активноста на тимот од КЕЦ Штип. Оваа волонтерска активност овозможи замена на сите нефункционални светилки во и надвор од објектот во детската градинка „Рахилка Гонева” во Свети Николе.

Членовите на тимот КЕЦ Делчево ги бојадисуваа и освежуваа столбовите за улично осветлување во центарот на градот, а тимот од КЕЦ Кочани работеше на поправање на оградата и поставување на врати на фудбалското игралиште во с. Зрновци.

ЕВН Македонија планира да учествува во уште многу разновидни волонтерски активности и со тоа да го поддржи развојот на општествената одговорност во земјава.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top