| четврток, 6 декември 2018 |

ОК ВМРО ДПМНЕ-Битола: Нови проекти од областа на културата во Битола

Претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ и носител на листата кандидати за советници од таа партија во Битола, Борче Димитровски, денеска на прес-конференција соопшти дека како искусен професионалец реализирал низа проекти за поквалитетен живот во Битола, пред се во областа на културата и најави нови креативни идеи од таа сфера.

– Верувам дека многумина од нас се среќни што во Битола овозможивме 3Д кино, што Фестивалот „Илинденски денови” го издигнавме над своето ниво, што имавме редовни изведби на Kамерниот оркестар, што стана културен бренд, што во изминатите години Битола беше домаќин на светски музичари. Лично познавам многу млади, способни и кративни битолчани со кои заедно, преку надлежностите на Советот на општина Битола ќе создадеме услови за нови работни места на новата ера, ќе работиме на урбаниот развој на градот но и на создавање на поквалитетни услови за живот во битолските села, истакна Борче Димитровски, носител на листата на кандидати за советници во Советот на општина Битола.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top