Кандидатот за градоначалник на општина Делчево од ВМРО-ДПМНЕ, Иван Соколов денеска изјави дека Делчево ќе биде водечка општина во регионот, со висок квалитет на живот, како и општина која ги соединува локалните и традиционалните вредности, каде поединецот и неговата творечка моќе ќе обезбеди одржлив развој.
-Општина Делчево како атрактивна бизнис дестинација со ефикасна администрација и развиена инфраструктура ќе обезбеди високо квалитетни услуги за граѓаните и бизнис заедницата. Јас и мојот тим издвоивме пет стратешки цели и дефинираше сет на активности неопходни за остварување на поставените цели: Поттикнување на развој на бизнисот и креирање на нови работни места, Делчево – атрактивна туристичка дестинација, подобрување на руралниот развој, подобрување на постоечката и развој на нова инфраструктура во Општина Делчево, подобрување на квалитетот на образованието и усогласување со потребите на пазарот на труд на Општина Делчево, истакна Соколов.
Тој презентираше дел од проектите кои се предвидени во неговата предизборна програма.
-Изградба на скијалиште на планината Голак, изградба на нова филтер станица за вода за пиење на Брана „Лошана”, основање на нова развојна зона во близина на Милково брдо во Делчево и ТИРЗ-Делчево, изградба на нов современ градски пазар по пат на Јавно приватно партнерство, изградба на прочистителна станица за отпадни води на градот Делчево, изградба на голем број на улици во Делчево и руралните населени места, проширување и реконструкција на водоводна и канализациона мрежа, посочи Соколов.
Тој рече дека како еден од проектите предивдени во програмата е и подобрување и зголемување на услугите во комуналната сфера, преку набавка на нов возен парк и модернизација на јавното комунално претпријатие.
-Изградба на неколку мултинаменски спортски терени со приоритет на руралните средини и населбите каде што такви не се изградени. Обезбедување на локации за градба на индивидуални објекти за домување. Подобрување на капацитетите за туризам. Зголемување на понудата во делот на културни настани и манифестации. Заштита на природата преку заштита на значајни подрачја и објекти на природата во нашата општина, превенција од елементарни непогоди, создавање на обучени тимови за заштита од елементарни непогоди и нивно опремување. Продолжување на проекти поврзани со квалитот на образованието преку создавање на подобри услови за учениците од Делчево и отварање на уште повеќе на можности преку реконструкција на училиштата, набавка на нај современа опрема за училиштата и обезбедување и зголемување на стипендиите, размена на учениици преку образовните програми кои се на располагање од земји во Европа како и продолжување на трендот на наградување на најдобрите во образованието, рече Соколов.
Според него, граѓаните знаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе го реализира ветеното.
-Преку напорна работа, многу труд и посветеност ќе ја претвориме нашата визија и цел за Делчево во реалност. Секогаш работа, Секогаш Делчево. Секогаш Македонија е нашето мото. Работата е нашата одлика, работа за доброто на граѓаните. Одиме напред кон нови победи и успеси за напредно и просперитетно Делчево, со повеќе работни места и подобри услови за живот, потенцира Соколов.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст