| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерот на кримските Татари осуден на две години затвор

Лидерот на кримските Татари Илми Умеров е осуден на две години затвор поради повик за сепаратизам.

По анексијата на Крим во 2014 година, Русија донесе закон со кој се забранува оспорување на тој чин.

Умеров е поранешен заменик претседател на Меџлис, претставничко тело на кримските Татари, кое кримскиот Врховен суд го забрани во април прогласувајќи го за екстремистичка организација.

Адвокатите на Умеров (60) посочуваат дека тој има дијабетес и Паркинсонова болест.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top