| четврток, 6 декември 2018 |

Смртни закани од Човиќ за Вујошевиќ, титулата за Партизан

Партизан ја декласира Црвена звезда со 16 поени разлика, 68-52, во клучниот четврти меч од финалната серија во српското кошаркарско првенство и ја освои 12. титула во низа или јубилејна 20. Серијата заврши со 3-1 во победи за „црно-белите“, а ја одбележаа инциденти и закани од двата табора. Најпрво судиите беа на мета, па ги придружуваше полиција, а на крајот и тренерот на Партизан, Душан Вујошевиќ се пожали дека имал смртни закани, од српскиот политичар Небојша Човиќ, кој е прв човек на КК Црвена звезда.

– Тешко на клуб што го раководи човек како Човиќ. Имам смртни закани од него и тоа полицијата го знае. Знаете дека го викаат мафијашка пудлица. И сега тој сака да држи предавања од морал. Тој е најлошиот човек што сум го сретнал во животот – изјави Вујошевиќ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top