Пејачката Ана Николиќ денес е една од најпопуларните на српската естрада, но нејзините почетоци не биле ниту малку лесни.
Во реалното шоу „Задруга“ се започнала тема за познатите ѕвезди, а еден од учесниците открил тајна за почетокот на кариерата на Ана Николиќ.
-Знаеш ли каде Ана Николиќ прв пат пееше пред 17 години? Кај мене во кафеана. Јас ја исфрлив! Беше убава. Да, беше, ух… Ама однесување катастрофа. Отпеа две песни и јас и кажав „оди си дома“, им открил Мица на натпреварувачите како Николиќ ја започнала кариерата и додал:
-Таа повторно дојде утредента, а јас повторно не ѝ дадов да пее. Таа после тоа почна секој ден да доаѓа кај мене и ме молеше „Помогни ми, помогни ми“, објаснил Мица.
Тој исто така раскажал како ја упатил кај луѓе кои ѝ помогнале да се пробие на естрадата, како и дека пејачката секогаш имала „некој јак зад себе“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст