| четврток, 6 декември 2018 |

ЕТА: Шпанија е „затвор за народите“

Националистичката сепаратистичка организација Баскиска татковина и слобода (ЕТА) денеска ги осуди мерките што ги презеде Мадрид за спречување на плановите за одржување на референдум за независност на Каталонија, оценувајќи дека Шпанија е „затвор за народите“.

– Шпанија демонстрира дека е затвор за народите, негирајќи го националниот идентите на Каталонија, се наведува во соопштението на ЕТА.

Организацијата тврди дека кризата во Шпанија предизвикана од идејата на каталонските сепаратистички лидери за одржување референдум за независност на 1 октомври, што според шпанскиот Устав е незаконски, покажува дека Шпанија има „структурен проблем“.

– Четири децении подоцна, режимот од 1978 година (кога е усвоен Уставот на Шпанија), го покажа вистинското лице. Во Каталонија ги водовме неговите вистински столбови: принуда, зависност и угнетување, истакнаа баскиските сепаратисти.

ЕТА, се товари за убиство на најмалку 829 лица за време на нејзината борба за независност на Баскија. Организацијата официјално прогласи примирје во 2011 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top