| четврток, 6 декември 2018 |

Уште некој е бремен во кланот Кардашијан

По веста дека Ким и Канијe чекаат ќерка од сурогат мајка, дваесет годишната Кајли е 4 месеци бремена од новото момче, како експлозија одекна најновата информација дека и Клои Кардашијан (33) го очекува своето прво дете со партнерот Тристан Томсон.

Очигледно сè e можно кога станува збор за кланот Кардашијан. Клои и Тристан се забавуваат веќе една година, откако се запознаа преку заеднички пријатели. Инаку кошаркарот веќе има едно дете со поранешната девојка Џордан Крег.

Со бременоста на Клои, ова е третото дете кое треба да пристигне во семејството до почетокот на новата година. Сурогат мајката на Ким и Каније треба да се породи во јануари, додека Клои и Кајли ги очекува принова во февруари.

Кардашијан кланот се уште ниту ги демантира, ниту ги потврдува вестите. Сепак, во случајот на Кајли, Кејтлин Џенер веќе излезе со своја изјава во која вели дека нејзината ќерка навистина е бремена.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top