| четврток, 6 декември 2018 |

Перверзија

Михајло Маневски

Фрчат кривични пријави против градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ за монтирани случаи од политички побуди во изборната кампања

По само еден ден одкако на кандидатот за градоначалник на општината Кавадарци на влезот во Скопје полицијата му впери пиштол во главата, на самиот ден на почетокот на изборната кампања МВР поднесе кривична пријава против градоначалникoт на општина Крива Паланка, а на вториот ден против градоначалникот на општина Ново Село!!!.

Ова е шеста пријава поднесена од МВР против градиначалници од ВМРО-ДПМНЕ непосредно пред и во текот на изборната кампања. Уште колку пријави за монтирани случаи ќе поднесат до крајот на изборите? Секој ден по една, се додека лажно не ги пријават сите градоначалници!

Пријави се поднесуваат строго селективно само против градоначалници или кандидати од една партија. Нема кривични пријави поднесени против градоначалници од СДС, од ДУИ или од било која друга политичка партија. Нема кривична пријава за градоначалникот од Струмица, за градоначалниците од Струга, Куманово, Тетово, Центар, Чаир, Кичево или други градоначалници. Во фокусот на МВР се само градоначалниците од ВМРО-ДПМНЕ, не од правни туку од политички причини.

Зоран Заев и Оливер Спасовски длабоко загазени во матни води

Претседателот на СДС Зоран Заев и потпреседателот Оливер Спасовски, како министер за внатрешни работи длабоко се загазени во матни води. Се определија за најцрна кампања со целосна злоупотреба на институциите на системот и пред се на Министерството за внатрешни работи кое целосно го ставија во служба на СДС.

Докажани рушители осудени за тешки изборни нерегуларности непосредо пред изборите се најдоа на слобода. Со каква цел?

Зоран Заев и СДС не се подготвени за фер изборен процес бидејки знаат дека ќе ги изгубат изборите и поради се служат со мрачни сценарија. Таа перверзија овој пат нема да им помине. Никој нема да наседне на нивните очигледни провокации. Лицемерна е изјавата на Оливер Спасовски дека полицајците не смеат да бидат во служба на изборите. Полицајците не смеат, ама целото партиско МВР смее и целото е ставено во служба на СДС.

Патот по кој тргнале не е ниту демократски ниту законски.

Зоран Заев и СДС од изборниот пораз неможат да се спасат со поднесување на лажни кривични пријави против предложените градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ и со злоупотребата на функциите на органите на власта, а пред се на Министерството за внатрешни работи. Црната кампања која ја водат го покажува нивниот ништожен демоктратски капацитет. За перверзиите, девијациите и изопаченоста на законските и морални норми со кои обилно се служат ќе оговараат пред народот. Народот ќе ги казни на 15 октомври 2017 година и ќе им покаже каде е местото. Насилниците никогаш не можат да бидат демократи.

Ставовите искажани во рубриката Колумни се лични ставови на авторите и не се автоматски и ставови на редакцијата на Republika.mk. Редакцијата на Republika.mk се оградува од ставовите во објавените колумни, а одговорноста за изнесеното во нив е исклучиво на авторот.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top