Носач на песок потона во близина на атинското предградие Аспропиргос, источно од грчката компанија за челик Халивургики, по што дојде до излевање на нафта во морето.
Пристанашните власти во Елефсина пријавиле дека 20 метри квадратни околу пловилото „Елефантас“ се излеала нафта.
Пристанишните власти ставиле огради во морето за да го контролираат загадувањето, а приватна компанија веќе почнала со чистење на водата со помош на персоналот на пристанишната управа.
Централната пристанишна власт на Елефсина почна истрага за инцидентот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.