| четврток, 6 декември 2018 |

Прашала дали може да го однесе нејзиното куче на предавање затоа што се наближувал ураганот Ирма, ова е одговорот од професорот!

Кога ураганот Ирма бил во близина на Џорџија сите се обидувале да останат заедно со најблиските. За студентката Џесика Луис тоа било нејзиното милениче Луна. Џесика сакала да направи неколку работи: да го спаси нејзиното куче, да се врати во родната Атланта, но и да оди на предавањето по Политички науки. Поради сообраќајниот метеж Џесика не можела да ја остави Луна во станот додека е на предавање и повторно да се врати по неа. Затоа решила да му пише на професорот молба да и дозволи Луна да присуствува на предавањето.

Џесика му напишала мејл на професорот Џошуа Кенеди во кој пишувало:

Др. Кенеди

Моето име е Џесика Луис и јас одам на Вашето предавање по Политички науки во 15:30 часот. Сфаќам дека одговорот на ова е најверојатно не, но милев дека би биле доволно кул професор за да кажете да, па затоа одлучив дека вреди да се проба. Дали можам да го донесам моето куче денес на предавање? Ќе ми помогне многу, затоа што Вашето предавање е последното од денот и ќе мора да заминам веднаш откако ќе заврши предавањето за да се вратам дома во Атланта што е можно поскоро (многу се обидувам да го победам овој сообраќаен метеж за време на бура, но Вашето предавање е важно за мене и не сакам да го пропуштам) и нема да мора да се враќам до мојот стан за да ја земам пред да тргнам на пат. Ви ветувам дека ќе биде добра и само малку може да пречи. Прикачив неколку слики за да Ве убедам со нејзината слаткост.Ви благодарам многу!!
Џесика Луис

Студентката набрзо добила одговор од нејзиниот „кул“ професор, кој што и вратил:

Дали мислиш дека со тоа што ќе ме наречеш „кул“ ќе ме убеди да кажам да? Затоа што нема да функционира. Она што ќе функционира е дека ТАА Е ОЧИГЛЕДНО ДОБРО ДЕВОЈЧЕ ЗАТОА СЕКАКО ДЕКА МОЖЕШ ДА ЈА ДОНЕСЕШ.

Сепак професорот Кенеди бил љубител на животни и одлучил да и дозволи на Џесика да го донесе нејзиното милениче. Џесика изјавила дека таа досега мислела дека Др. Кенеди е добар професор но сега мисли дека е најдобриот.

Џесика и Луна по ураганот повторно се во нивниот стан и иако Џесика сега има „нормални“ предавања никогаш нема да ја заборави добрината на нејзиниот професор.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top