| четврток, 6 декември 2018 |

МД „Илинден“: Приведувањето на Темелко е антимакедонско

Македонско друштво најостро го осудуваат притворот од триесет дена за Едмонд Темелко, гадоначалник на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса за европска интеграција во Република Албанија.

„Македонците во Република Албанија се згрозени од приведувањето на градоначалникот на општина Пустец и претседател на Македонска Алијанса зе еврпска интеграција во Република Албанија, Едмонд Темелко, и бараат итно да биде ослободен од гонење и извинување за повреда на честа и неговиот углед и на Македонците во Република Албанија, стои во соопштението на Македонското друштво  „Илинден“ -Тирана и Македонско друштво „Илинден“ – oгранок Голо Брдо.

Тие сметаат дека приведувањето на Темелко е антимакедонско и со долгорочни последици по положбата и правата на Македонците во Република Албанија. Претходно, Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 Скопје го прифати барањето на СЈО и му определи на Темелко мерка 30-дневен притвор. Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ за изборни нерегуларности на локалните избори во 2013 година.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top