СДСМ вечерва одржа митинг во Гевгелија, а претходно беше и во Дојран, Валандово и Богданци. Претседателот на партијата, Заев посочи дека општините се многу важни за секојдневниот живот на граѓаните.
Сподели искуство како со домаќинско управување, општината може да нема ни денар долг, туку напротив да биде напредна според граѓанските интереси. На митинзите од СДСМ ветија современи и развиени општини за сите граѓани, во кои здравјето на граѓаните и нивните потреби ќе бидат врвен приоритет.
-Ќе работиме на вистински локален развој, на вистински домашни и странски инвестиции, на вистински и квалитетни работни места што ќе даваат вистински и достоинствени плати. Да обезбедиме перспективи за сегашните и за идните генерации, порача претседателот на СДСМ, Зоран Заев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст