Градоначалникот заедно со Советот на општината предводени од советниците од ВМРО-ДПНЕ и Коалицијата за подобра Македонија денес по два мандати со мачна политичка криза остварија резултати кои се неспорни, резултати кои се видливи и мерливи, истакна на вечерашниот митинг на ВМРО-ДПМНЕ во Кочани носителот на листата Лазо Митев.
-Во минатото го реализиравме проектот за атмосферска канализација, го реновиравме системот за улично осветлување, направивме почетокот на браната на оризарска река, ова се само дел од проектите на ВМРО-ДПМНЕ партијата која работи чесно и посветено за народот и тоа е она поради што ја имаме вашата искрена поддршка и врз основа на тоа бараме уште една поддршка од вас. Денеска пред вас можам да ветам успешно реализирање на проектите кои се предвидени во текот на идните години, изградба на експресниот пат Штип- Кочани, асфалтирање на сите улици во градот, како и искористување на гео термалните води преку јавно приватно партнерство, вели Митев.
Тој потенцираше дека јасно на минатите избори народот кажа кој сака да го води и ВМРО-ДПМНЕ го доби мнозинството гласови во целата држава, додека Кочани оствари голема победа.
-Свесен сум дека постојат проблеми кои им тежат на многу наши граѓани, наши членови, симпатизери и активисти, а тие проблеми можат да се решат на единствен начин, а тоа е да се оствари победа и да се добие градоначалник во првиот круг. Останува на нас сите заедно сплотено да ја пренесеме идејата за посилно и обединето Кочани. Погледнете го знамето и знајте ќе огрее „Новата Ера“, рече Митев.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст