На првиот денешен митинг на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Виница, пред граѓаните се обрати носителот на советничката листа на коалицијата, Миле Петков. Тој кажа дека пред граѓаните се локални избори на кои ќе се избира градоначалник и Совет на Општина Виница. Според неговите зборови овие избори не се обични локални избори, овие избори треба да дадат одговор на едно многу важно прашање.
-По кој пат ќе тргне Република Македонија, дали по патот кој го трасира оваа нелигитимна Влада? А тоа значи загрозени земјоделци, обесправени пензионери, исплашена администрација, несигурни студенти, демотивирани инвеститори, невработени без надеж. Или по патот по кој чекоревме, а тоа значи економска револуција, градежен бум, сигурни субвенции за земјоделците, повисоки плати и пензии, нови странски инвестиции и нови работни места, изјави Петков.
Петков кажа дека одговорот е многу јасен, овој хаос, ова лудило, ова зло кое се надвисна над Македонија мора да го спречиме, 15-ти октомври ќе биде крајот на оваа предавничка и ненародна Влада.
-15-ти октомври ќе значи почеток на враќањето на ВМРО-ДПМНЕ на власт и земање на судбината на државата во свои раце. Имаме полн легитимет да ја побараме вашата поддршка и на овие избори, бидејќи зад себе имаме дела кои говорат за нашата работа. ВМРО-ДПМНЕ, она што го ветува тоа и го реализира, доказ за тоа се и проектите што во нашата општина ги реализиравме, за што градоначалникот Емил Дончев, како совесен и одговорен политичар има изготвено „Отчет“, за сработеното во изминатите четири години, изјави Петков.
Тој кажа дека тие не застануваат тука, дека пред нив имаат уште многу работи кои заедно можеат да ги направат, во соработка со граѓаните, користејќи ги нивните идеи и сугестии, како што кажа Петков изготвена е програма во која може да се пронајде секој од граѓаните
–Ние презентираме програма со приоритети и точно утврдени рокови . Од вас бараме поддршка и доверба за да ја реализираме нашата програма. На овие избори покрај градоначалник се избира и Советот на Општина Виница, затоа многу е важно да се поддржи советничката листа на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, за да градоначалникот полесно и без застој ги реализира проектите предвидени во програмата. Во името на сите кандидати за советници можам да ветам макотрпна работа и беспоштедна посветеност, затоа што добиената доверба од граѓаните за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, значи огромна обврска за реализација на ветеното, изјави Петков.
Тој ги повика сите на 15-ти октомври, масовно, сплотени, единствени како никогаш досега да излезат на гласачките места и да си ја спасат татковината.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст