| четврток, 6 декември 2018 |

Функционери од Јагодина ги продадоа своите фотелји за хуманитарни цели

Функционери од Јагодина од денеска ќе седат на дрвени столици, бидејќи нивните фотелји во канцелариите се продадени на аукција за 10.000 евра. Сите средства од продажбата ќе бидат наменети за многудетни семејства. Највисока цена очекувано достигна фотелјата на градоначалникот Драган Маринковиќ – Палма.

– Зошто мојата фотелја чини толку? Па можеби сум еден од најпознатите политичари во Србија и сигурен сум дека таа фотелја носи среќа кога ќе се стави во канцеларија- истакна Палма.

Тој очекувал дека неговата фотелја ќе биде продадена за минимум четири или пет илјади евра, но достигнала цена од 2.500 евра. Додека некои жители на Јагодина го сметаат таквиот потег за смешен, други, пак, ја поздравуваат хуманитарната акција. Од продажбата на фотелјите биле собрани околу 10.000 евра. Речиси 60 семејства треба да го поделат тој износ и да добијат по 150 евра.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top