Градоначалникот на албанската општина Пустец, Едмонд Темелко, по кого беше распишана меѓународна потерница е уапсен.
Темелко е обвинет во случајот „Титаник“ на Специјалното јавно обвинителство за наводни изборни нерегуларности, а му беше одреден 30 дневен притвор зашто не ги почитувал мерките на претпазливост, односно да не ја напушта Македонија.
Се очекува Темелко веднаш да биде спроведен во Истражниот затвор Скопје.
И додека се чека Едмонд Темелко да биде однесен во Истражниот затвор, еден по еден криминалците ги напуштаија затврите. Во пресрет на локалните избори владата на социјалдемократите ги пушти најголемите киминалци од затвор. Се зборува дека на повидок е уште изборен фалсификат, во кој ќе кумуваат ослободените Зоран Божиновски, Велија Рамковски, Агим Красниќи и Бајруш Сејдиу. Се зборуваше дека Зоран Заев и СДСМ ослободуваат затвореници, а за возврат очекуваат нивна помош во правење на изборни нерегуларности на локалните избори.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст