| четврток, 6 декември 2018 |

Грубо нарушување на изборниот законик: СДСМ дели изборни материјали со општинско комбе во Струмица (ФОТО)

СДСМ грубо го прекршува изборниот законик.Општината чиј градоначалник со години беше Зоран Заев врши злоупотреба со цел политичко агитирање кај гласачите.

Имено, изборните материјали во Струмица се делат со возило на комуналното претпријатие кое е под капата на општината. Иако комбето треба да биде ставено во функција на граѓаните на начинот за кое и истото служи, партијата на Заев се однесува како тоа да е нивна приватна сопственост.

Изборните материјали на СДСМ за локалните избори, се разнесуваат низ општината во возилото, ставајќи го во функција на превоз за партиски потреби.

Иако е само втор ден од предизборната кампања, СДСМ веќе на големо ги крши законите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top