| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Марин и СДСМ продаваат празни ветувања

Златко Марин и СДС продолжуваат со лагите и манипулациите и во општина Аеродром. Денешната прес конференција на кандидатот за градоначалник од редови на СДС, Златко Марин е продавање на празни ветувања, во кои единствено тој верува, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Од партијата велат дека времето на празни ветувања и продавање на магла заврши. На граѓаните им е потребен градоначалник кој ќе ги решава нивните проблемите и ќе работи во нивен интерес.

-Златко Марин и СДС се свесни дека граѓаните на Аеродром нема да им ја дадат поддршката, бидејќи Марин нема конкретни и издржливи проекти кои на Аеродромци ќе им придонесат за подобар и поквалитетен живот, стои во партиската реакција.

Граѓаните на Аеродром знаат дека лична карактеристика на Златко Марин е неговата неспособноста и неработењето. Поради тоа граѓаните на Аеродром на 15-ти октомври на локалните избори ќе го казнат Златко Марин, СДС и Зоран Заев. Граѓаните нема да дозволат расипничката политика на СДС и Заев да се преслика и во општина Аеродром.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top