| четврток, 6 декември 2018 |

Фактите не се на неговата страна-Марин кукавички бега од ТВ соочување со Коневски!

Кандидатот за градоначалник на општина Аеродром од редовите на СДСМ Златко Марин, бега од ТВ дуел со актуелниот и кандидат за нов мандат за градоначалник на општина Аеродром, од редовите на ВМРО ДПМНЕ, Ивица Коневски. Така на поканата за средба и ТВ дуел на која ќе можат да се соочат фактите кој што направил и што планира да направи упатена од Ивица Коневски, Марин се правда дека во време на емисијата тој има обраќање на митинг во Аеродром. Арно ама, Коневски на својот Фејсбук профил му појасни дека снимањето на емисијата е во 11.30 часот наутро, што автоматски значи дека нема никакви шанси да се поклопи со термин за митинг. Марин сепак остана без коментар на ваквото појаснување, веројатно плашејќи се од било какво телевизиско соочување со Коневски кој за време на своето управување со општината   Аеродром, ја направи една од најубавите и најсредени од сите. Делата говорат за себе, а очигледно Марин нема ниту дела ниту факти кои би говореле во негово име.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top