| четврток, 6 декември 2018 |

Франгов: Посветено ќе работиме наредните четири години

Посветено ќе работиме наредните четири години сите зацртани проекти да се претворат во дела затоа што само така се сака Гевгелија, рече денеска на промоцијата на својата изборна програма актуелниот градоначалник Иван Франгов од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“ кој од гевгеличани ќе побара и трет градоначалнички мандат.

– Ветено и сработено беше нашето мото. Она што го ветивме беше реално остварливо па дури и повеќе од тоа. Наместо планираните 160 проекти од програмата со која претходно ја добив вашата доверба, реализиравме и повеќе од 80 кои не беа планирани, нагласи Франгов, кој изрази гордост поради неколкуте капитални објекти како новата автобуска станица, новиот градски пазар, пречитителната станица, одводниот канал и уште многу други.

Посочи дека негов приоритет во наредните четири години е да продолжи со активностите за реализација со ТИРЗ „Прдејци“, новата економска зона „Билото“ која ќе понуди услови за 1.000 вработувања, регулација на дел од коритото на Сува река, изградба на осум училници во ОУ „Владо Кантариџиев“ и континуирано подобрување на условите во сите училишта во општина Гевгелија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top