В петок (29 септември) во Центарот за култура „Григор Прличев“ во Охрид ќе се одржат 29-те ОХРИДСКИ СТАРОГРАДСКИ СРЕДБИ 2017.
Учесници на манифестацијата се: Хорот при НУ Центар за култура “Григор Прличев” од Охрид (Ој ти момче охриѓанче; Се посврши серве Донке) КУД Далги при ЗП Охрид и Дебрца (Јас Методи Патче и Димчета Аскер го писале), Октет од Прилеп (Секоја вечер пијан се враќам, Не стој Доне Донке, Са ноќ седам Трено); ВИС Орнаменти од Штип (Дончо штипјанчето, Не се факај Доне Донке, Пијан идам од града); Пеачка група Сирма Војвода од Битола (Отвори го Кате Пенџерето, Болна е легнала Џанам); Пеачка група “Весела Тајфа” од Богданци (На срце ми стар мерак лежи, Кажи, кажи, ќерко Славко, Мома Катерина – со сценска изведба); Распеани Гевгеличани од Гевгелија (Сношти вечер сон сум сонувала, Не ми седи коконо, Бог да бие Тино, мори); Оркестар при ФА Бисери од Охрид (Бог да бие Русе, Ах мори бабо, Сирто оро).
Манифестацијата ќе почне во 20. часот, влезот е слободен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.