| четврток, 6 декември 2018 |

Комити тргнуваат на евротурнеја: 36 часа, 3.250 километри со автобус за натпреварот Розенборг – Вардар

Норвешка, Русија и Шпанија беа најдалечните дестинации кои можеа да им се паднат на фудбалерите на Вардар во дебитанската сезона од Лига Европа. И им се паднаа.

ФК Вардар в четврток против Розенборг го игра вториот меч од Лига Европа. До Трондхајм ќе патува скоро 7 часа, но со авион и топол оброк, еспресо и филм.
Од друга страна, навивачите на Вардар ќе се вкочанат од седење, а ќе треба да си понесат и торба сендвичи за патешествието од Скопје до Трондхајм, кое само во еден правец изнесува 3.250 километри.
За да стигнат до Норвешка Комитите треба да ги поминат половина Европа: Србија, Унгарија, Словачка, Чешка, Германија, Данска и Шведска. За тоа се потребни 36 часа пат, плус пауза за цигара, тоалет, истегнување нозе.
 Но, и покрај сѐ, Комитите денес тргнуваат на пат.
 
Соопштението на Комити:
ВАЖНО!!!
Комитска Евротурнеја…
Првото гостување на Вардар во еден натпревар од Лига Европа, и не можеше да биде подалеку, речиси 3300 километри…
Поради лошите авионски конекции и неразумните цени на Чартер-Летовите, ова гостување останува да го одработиме онака “Old School” со автобус…
Не помина многу долго кога како слоган го прифативме оној дека “За тебе Вардаре и до Сибир малку е”…Не е Сибир, но е тука некаде и според климатските услови но и според оддалеченоста…
Собир Денес 26.09 (Вторник) во 11:00ч. на Железничка а ПОАЃАЊЕ во 15:00ч.
Ентузијастички потфат, предизвик и вистински тест на издржливоста…Да не бевме Комити ќе речевме дека е тотално надвор од секој разум и логика, но Комити сме, и совршено ни е логично и јасно:
Одиме за Трондхајм!!!
ПРИЈАВУВАЊЕ ВО ПОРАКИ !!
ЗА СИТЕ КОМИТИ Е БЕСПЛАТНО !!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top