| четврток, 6 декември 2018 |

Јанчев: Да зачекориме со голема енергија за Кавадаци на прво место

На Кавадарци му треба лидер кој ќе знае да ги води граѓаните во нова ера. На Кавадарци му требаме заедно сплотени во едно, посочи Митко Јанчев, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ.
-Сите сме заедно без разлика на возраста, верата и политичката припадност. Иднината на убаво Кавадарци е во наши раце. Моите очекувања за Кавадарци се огромни, но во сето тоа ќе успеам доколку ја имам вашата поддршка и вашата доверба, посочи тој.

Кандидатот за градоначалник ги повика сограѓаните на 27 септември во 20:30 часот да излезат на голем сенароден митинг на ВМРО-ДПМНЕ.

-Да создадеме обострана доверба уште на самиот почеток од новата изборна кампања. Да се запознаете со мојата програма која нуди решавање на клучни проблеми, изградби и реконструкции. Да зачекориме со голема енергија во една нова ера. За убаво Кавадарци, Кавадарци на прво место, истакна Јанчев.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top