| четврток, 6 декември 2018 |

Делови од Центар и Кисела Вода утре без струја

Корисниците од ресторанот на тенискиот терен Југ, Воен стадион, тениските терени со пропратните објекти, спортската сала Парк, ресторанот во спортката сала Парк и Луна паркот во општина Центар утре од 8:45 до 15:00 часот ќе останат без напојување со електрична енергија.

Во периодот од 9:00 до 12:00 часот без струја ќе бидат и корисниците од улицата „Архитект Никола Добровиќ“ бр. 17, влез 3 во општина Кисела Вода.

Како што информира Регионалниот центар за управување со кризи на град Скопје, причина за прекинот во снабдувањето со електрична енергија е изведување закажани технички зафати во дистрибутивната мрежа од страна на екипите на „ЕВН Македонија“ АД.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top