| четврток, 6 декември 2018 |

Анализа на НБРМ: Странските инвестиции ја кренаа македонската економија

НБРП во својата нова студија ги мери ефектите од странските инвестиции и отворањето на индустриските зони која беше стратегија на владата на ВМРО ДПМНЕ. Во оваа студија во првиот дел од анализата е посветен на оцената на економските ефекти од компаниите коишто работат во индустриските зони. За таа цел се користат податоци од годишните финансиски извештаи на компаниите обезбедени од Централниот регистар.

Исто така, оваа анализа на НБРМ дава можност и да се види пресметката на опортунитетниот фискален трошок на државата поврзан со даночните ослободувања предвидени за компаниите од зоните, но како што е наведено во анализата сепак, само во поглед на персоналниот данок на доход и данокот на добивка. Воедно, анализата се однесува на периодот 2013 – 2016 година.

Како што е прикажано во анализата на Народната Банка на Република Македонија, резултатите од пресметките на додадената вредност на секоја компанија вклучена во анализата укажуваат на тоа дека во периодот од 2013 до 2016 година таа постојано расте, достигнувајќи 240 милиони евра во 2016 година. Со тоа, учеството на додадената вредност од компаниите во индустриските зони во вкупната додадена вредност во економијата11 во 2016 година изнесува околу 3%.

Според овие податоци очигледно е дека компаниите во индустриските зони придонесувале за економскиот раст на вкупната додадена вредност во економијата за 2,3 % од збирниот номинален раст од 16,9% во периодот од 2014-2016 година. Со други зборови како што е наведено во анализата се потенцира дека од вкупниот номинален раст на додадената вредност на економијата е околу 14% е создадена од компаниите што работат во индустриските зони.

Исто така НБРМ ги анализира и индиректните ефекти врз домашната економија од компаниите во индустриските зони и ги оценува главно преку набавките на овие компании на стоки и услуги како и на основни средства од домашните субјекти. Во анализата се вели дека износот на вкупните набавки на компаниите од индустриските зони од субјекти на домашниот пазар во 2014 и 2015 година изнесуваат по околу 45 милиони евра, додека во 2016 година износот е близу 33 милиони евра.

Во последниот дел на анализата се прави обид за еден интегрален пристап односно интегрална анализа на трошоците и придобивките односно една cost-benefit анализа поврзани со компаниите од индустриските зони. Оваа cost- benefit анализа е всушност споредба на добивките и трошоците од компаниите во индустриските зони и дали овие инвестирања во изминатите години го оправдуваат трошокот. Оваа анализа покажува дека бенефитот или користа е поголема од трошокот и дека трошокот за инвестирање во индустриски зони , во градење на инфраструктура и сите потребни трошоци е оправдан. Имено, во анализата на НБРМ се вели дека придобивките од работењето во компаниите во ТИРЗ или т.н. „чиста“ или нова вредност генерирана од компаниите во ТИРЗ изнесува околу 617 милиони евра во последните четири години, додека вредноста на вкупните инвестициски набавки или набавки на основни средства направени од домашните субјекти е проценета на 148 милиони евра а вредноста на вкупните расходи за стоки и услуги набавени на домашен пазар изнесува околу 78 милиони евра.

Компаративно процената на трошоци за привлекување на овие странски инвестиции од маркетинг, промоција па се до изградба на технолошко-индустриските зони трошокот е 140 милиони евра. . Опортунитетните трошоци на државата врз основа на данок на добивка и персонален данок на доход во периодот 2013 – 2016 година се проценети на вкупно околу 44 милиони евра според оваа анализа , а воедно во периодот 2013 – 2016 година, државата им исплатила субвенции и грантови на анализираните компании во висина од околу 23 милиони евра (32,4 милиони евра во периодот 2007 – 2016 според БИРН).

Како што истакнува НБРМ анализата упатува на позитивен нето ефект од работењето на индустриските зони во висина од околу 660 милиони евра.

При анализа на ефектите кои ги имаат компаниите што работат во индустриските зони на билансот на плаќање НБРМ податоците покажуваат дека во изминатите 10 години остварени се нето-приливи од тековните трансакции кај овие компании од 4,7% од БДП на збирна основа. Проценката на Народна Банка на Република Македонија покажуваат дека од вкупниот номинален раст на додадената вредност во економијата во периодот 2014 – 2016 година, околу 14% потекнува од компаниите коишто работат во индустриските зони. Додека индиректните ефекти покажуваат дека за периодот од 2014-2016 износот на вкупните набавки на компаниите од зоните од субјекти од домашниот пазар изнесува во просек околу 40 милиони евра. Како што се вели во анализата од периодот од 2013-2016 година се укажува на еден позитивен ефект од околу 660 милиони евра или во просек од 2,1% од БДП, со оглед на фактот дека се работи за 10 годишно вложување а се мери ефектот за само 4 години.

Ефектите од слободните индустриски зони и вложувања се позитивни и тоа го покажува оваа анализа која е направена од НБРМ. Актуелната влада на чело со Зоран Заев даде многу критики за странските инвестиции и дека биле трошени залудно пари. Оваа анализа покажува дека овие изјави не се точни и дека владата на ВМРО ДПМНЕ имаше јасна стратегија и визија за подобрување на македонската економија. Понатаму во анализата се кажува дека од аспект на билансот на плаќања збирниот ефект од тековните и финансиските трансакции на компаниите упатува на позитивности односно на создавање на нето-девизни приливи во домашната економија од 8.6% од БДП во период од 2008 до 2016 година.

Оваа анализа јасно говори дека ефектите од странките директни инвестиции се големи и позитивни. СДС не само што затвора компании како Фени индустри и повлекувањето на Џонсон Контролс туку и ги брка потенцијалните инвеститори. Околу 60 компании веќе не ја разгледуваат Македонија како економска дестинација. Според ова изјавите на СДС не се точни дека вложувањето на средства во привлекување на директни инвестиции е непродуктивно напротив и НБРМ со својата анализа го потврдува токму спротивното.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top