Кога стигнала доставата со банани од Колумбија, вработените во една данска самопослуга не ни очекувале дека ќе отпакуваат кокаин. Пакетите уште при пренесувањето на вработените им станале сомнителни поради тежината.
По првите пристигнати 100 килограми минатата недела, иста таква пратка и неделава ги изненадила и полицијата и вработените, соопштува полицијата. Данската полиција заедно со колумбиската полиција истражуваат дали ова е случајна или намерна грешка во адресата.
Ова не е првпат да се користат бананите како камуфлажа за колумбискиот кокаин, покажуваат полициските фотографии.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Опструкции на секој чекор: Граѓаните кои доаѓаа на протест стопирани на секоја патарина (галерија)
-
Во домот на скопјанец пронајдени хероин и кокаин
-
Хит на Фејсбук: Хрватски полицајци се обидуваат да поправат службено возило (видео)
-
Само кренат глас ќе се слушне: Полицајците во понеделник на марш низ Скопје