| четврток, 6 декември 2018 |

ВМРО-ДПМНЕ: Во Ново Село полицијата приведе и малтретираше наши активисти вклучени во изборната кампања


Хунтата на СДС ја киднапира правната држава и суспендира владеењето на правото. Нервозата од неизбежниот пораз на СДС се очигледни и затоа нивното дивеење и притисоци продолжуваат и оваа вечер, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.
Од партијата вечерва информираат дека токму во Ново Село се приведени од полицијата и малтретирани активисти на ВМРО-ДПМНЕ кои биле вклучени во изборната кампања.

– Ова е само продолжување на праксата на политичка хајка која се води спрема ВМРО-ДПМНЕ кoja e израз на стравот и паника од поразот кој ги очекува. Ова е обид да се избега од вистинските скандали поврзани со тендерите кој сам вицепремиерот Анѓушев си ги додели на својата фирма, за скандалот со енормната дисперзија на бизнисите на кланот Заеви и фактот што станаа сопственик на цела една Фабрика Герас Цунев по цена колку една гарсоњера од 20 квадрати, за тоа што партиската полиција на СДС ја киднапира државата и на бандитски начин заплашува кандидати за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ, за тоа што просечната плата наместо да расте опаѓа, извозот паѓа и расте сиромшатијата, стои во партиското соопштение.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top